email: klinicka.laboratorija@bolnica.org.mk
дипл. инж по биоиохемија-физиологија
медицинска лабораториска дијагностика
Централна биохемиска лабораторија се наоѓа на првиот кат од поликлиничкиот дел на болницата. Располага со модерна и нова лабораториска опрема добиена со проектот на Владата на РМ во 2013 год. Врши опслужување на поликлиничкиот и болничкиот дел и Ургентниот центар.
Секојдневно се вршат лабораториски испитувања на повеќе од 200 пациенти и резултатите се добиват уште истиот ден ( денес земено денес сработено).
Во лабораторијата автоматски се изработуваат широка палета на биохемиски анализи, имунолошки анализи, изработка на петоделна и троделна комплетна крвна слика, урина, алергии, спермограм, ликвор. Лабараторијата располага со брза, модерна и современа апаратура која се наоѓа во процес на акредитација.
Вработените редовно се испраќаат на семинари, обуки во странство , едукации спроведени во болницата како би биле во тек со сите новитети од лабораториската дејност.
Секојдневно се изработуват репродуктивни хормони, тумор маркери, и двапати во неделата или во зависност од потребите на пациентите се изработува и пнеумослајд и АНА.
Услуги: лабораториски анализи
- – хематологија
- – биохемија
- – седиментација
- – имунохемија
- – имунологија
- – алергии
- – урина
- – спермограм