[su_accordion]
[su_spoiler title=”ВГРАДУВАЊЕ НА ПЕЈСМЕЈКЕР” open=”no” style=”fancy” ]

Медицински уред кој испраќа електрични импулси за правилна работа (пумпање) на срцето.

Се вградува кај   пациенти со спора срцева работа и пациенти со срцеви блокови. Кај пациенти со ризик за ненадејна нагла срцева смрт се вградува пејсмејкер комбиниран со дефибрилатор. Кај пациентите со срцева слабост каде нема синхронизираност во работата се вградува пејсмејкер со повеќе електроди кои ја синхронизираат работата на срцето.

 08

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”ВГРАДУВАЊЕ НА ДЕФИБРИЛАТОР” open=”no” style=”fancy” ]

Имплантација на ICD (Implantable Cardioverter Defibrilator)

ICD е електронски уред сличен на траен електростимулатор (пејсмејкер) кој се состои од генератор и една или повеќе електроди. Се имплантира кај пациенти кај кои се детектирани поранешни епизоди на  срцеви аритмии (вентрикуларна тахикардија или вентрикуларна фибрилација), состојби кои можат да бидат фатални за неколку минути. ICD неможе да го спречи нивното настанување, но може успешно да ги детектира и третира, како што би го повратил нормалниот срцев ритам.

ICD ги третира срцевите аритмии на три начини:

  • Кардиоверзија

  • Дефибрилација

  • Стимулација (анти-тахикардија стимулација)

16

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”КАРДИОВЕРЗИЈА” open=”no” style=”fancy” ]

Кардиоверзијата е медицинска процедура што го враќа нормалниот ритам на срцето кај луѓе со одредени видови на ирегуларни отчукувања на срцето (аритмии). Може да да биде медикаментозна или електро кардиоверзија. Електро-кардиоверзијата се изведува со испраќање електрични удари, односно синхронизирани електрошокови до срцето, преку електродите поставени на градите на пациентот, со претходна седација на пациенот. Најчесто се користи за лекување на луѓе кои имаат атријална фибрилација или атријален флатер. Електро-кардиоверзијата претставува процедура што се изведува во болнички услови. Пациентите потребно е да бидат на антикоагулантна терапија, со стабилна INR вредност 3-4 недели пред закажаната интервенција , како и сопретходно изведена трансезофагеална ехокардиографија , заради исклучување на присуство на тромби во преткоморите. Најчесто електро-кардиоверзијата брзо го враќа нормалниот ритам на срцето.

11

[/su_spoiler][/su_accordion]

Назад