На 20 јуни 2019 година на Одделот за интервентна радиологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје се одржа прва работилница (workshop) за емболизација на миоми на матка – uterine fibroid embolization.
Работилницата се состоеше од 3 случаи во живо (live case) кои беа направени во ангио салата под водство на Асс. д-р Александар Ѓорески и тимот за интервентна радиологија од болницата.
Учесници беа доктори и инструментарки од Загреб, Р. Хрватска како и лекари, радиолози од Универзитетскиот Институт за Радиологија во Скопје, кои во иднина имаат желба да ја практицираат оваа метода во своите центри.
Настанот беше поддржан од Terumo Europe, една од најреномираните светски компании во делот на интервентна радиологија и кардиологија, посебно во делот на емболотерапијата.
Одделот за интервентна радиологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје засега е единствен центар во државата каде рутински се изведуваат ваков тип на интервенци