Email: psihijatrija@bolnica.org.mk
спец. по психијатрија
Главна сестра: ДМТ Даниела Јовановска
Лекарски кадар:
д-р Љубинка Спиркоска
д-р Наташа Доновска
д-р Нада Ивчева
д-р Јасмина Степаноска
д-р Никола Олумчев
Услуги на одделение: психодијагностичка проценка на психолошката состојба, психотерапија (површинска супортивна психотерапија, психотерапија на поведението, групна психотерапија, комбинирана терапија, работна или окупациона терапија, семејна психотерапија), психодијагностичка проценка за способност, психоедукација, медикаментозна терапија, советување.
Специјалистичко консултативна дејност:
- Психијатриска амбуланта
- Психолошка амбуланта
Одделение за превенција и третман од злоупотреба од дроги
Раководител: д-р Дарко Костовски спец. психијатар
Лекари во ДБЗ: д-р Дарко Костовски спец. психијатар
д-р Наташа Марковска спец. психијатар
Одговорна медицинска сестра: ДМС Стојанка Манасиевска.
Медицински сестри: Стојанка Манасиевска , Снеже Бегоска.
Во месец Април-2012 година Министерството за здравство поддржано од Глобалниот Фонд ја отвори Дневната Болница за превентива и лекување болести на зависност, што функционира во рамките на Одделот за психијатрија при Градската Општа Болница 8-ми Септември во Скопје. Тимот во Дневната Болница е составен од 2 (два) психијатри, две медицински сестри. Како резултат на договорот меѓу Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, во Центарот еднаш седмично по 7 часа е присутен социјален работник. Во Дневната Болница може да се лекуваат лица зависници од опиоиди со индикации за поставување на супституциона терапија( метадон) и со место на живеење во Општина Карпош. Капацитетот е лимитиран до 80 пациенти. Супституционата терапија со метадон и бупренорфин според медицина базирана на докази и според препораките на Светската Здравствена Организација е лек на избор во третман на зависноста од опиоиди.
Дневната Болница функционира и како амбуланта за психијатриски прегледи, проценка на коморбидни состојби кај лицата зависни од психоактивни супстанци, како и советување со семејства и супортивна психотерапија .
Во Дневната Болница се врши квалитативна анализа на урина за присуство на психоактивни супстанци, понатаму квалитативна анализа на антитела за хепатитис Ц инфекција за пациентите на третман.
Идни стратешки цели
- Работа со супститут-бупренорфин( се чека одговор од ресорно министерство).
- Интензивирање на психосоцијалната поддршка
- Развивање на програми за зависност од хазардни игри и интернет зависност.