Email: itna@bolnica.org.mk
Раководител: д-р Влатко Алексов спец. по интерна медицина
Услуги на одделение: Ургентниот центар(УЦ) има задача да ги прими нај итните, нај урентните и животно загрозените пациенти. Прегледот на сите други пациенти кои може да почекаат редовен амбулантски преглед е најстрого забранет затоа што итна помош нема да добијат оние на кои им е најмногу потребна. Ургентниот центар во ГОБ 8ми Септември е комплетно реновиран пред една година и можеме да кажеме дека располагаме со најкомплетниот и најдобро организираниот УЦ во Р.Македонија. За една година од кога е отворен реновираниот УЦ дневно се прегледуваат по повеќе од 100 пациенти со најразличнапатологија, Вкупно за една година направени се повќе од 35000 прегледи. Потребно е да се истакне дека 25 % од сите приеми во болницата се извршени преку УЦ и дека дефинитивно најтешките случаи поминуваат преку истиот. За пациентите на кои им е потребна ургентна здравствена заштитаво УЦ при ГОБ 8ми Септември на располагање има: Општ лекар, Интернист, Општ хирург, Уролог, Ортопед, Дигестивен хирург, Невролог,Психијатар, Оториниларинголог, Трансфузиолог, Анестезиолошки тим, дежурна лабораторија и рентгенолог. За потребите на пациентите и персоналот, УЦ располага со
- Соба за интернистички преглед,
- Соба за хирурши пациенти,
- Соба за преврски, и мала хирургија
- Соба за реанимација и интензивно лекување со комплетен систем за мониторинг на пациентите
- Соба за невролошки прегледи
- Гипс сала,
- 4 соби со вкупно 10 кревети, за пациенти кои мораат да примаат терапија во дневна болница.
- 1 хируршка сала за ортопедски операции
- 1 хируршка салаза останати операции
- Посебен влез за возилата на ИМП
Дејности кои се вршатво Ургентниот центар
- Тријажа и одредување на итност, и распоредување во која амбуланта ке се прегледува пациентот.
- Интернистички преглед со мерење на крвен притисок, екг, лабораторииски, ртг испитувања, одредување тераапија.
- Хируршки, уролошки и ортопедски прегледи, со преврски, гипсирање и мала хирургија.
- Невролошки прегледи на пациенти со мозочни удари и мозочни крварења со компјутерско иследувањена истите.
- Прием на пациентите донесени со ИМП и нивно понатамошно проследување
- Реанимација, интензивно лекување и мониторинг на животно загрозените пациенти и нивното проследување до одделението за ургентна медицина и интензивно лекување.
Битно за истакнување е тоа што во урентниот центар приемот на пациентите не секогаш е по редоследот на доаѓање, туку по степенот на ургентност на состојбата на пациентите, а истата ја одредува медицинскиот персонал задолжен за тоа. Оваа одредувањена итност на пациентите се нарекува тријажа.Во исто време на друг влез специјален за тоа, доаѓаат возилата на ИМП кои имаат приоритет во приемот. Затоа е потребно да постои разбирање кај пациентите кои не се со највисок степен на итност дека може да почекаат подолго од другите.