Одговорен терапевт: ДФТ Соња Бедњанец
Лекарски кадар:
д-р Шенај Рустеми Селами
д-р Емилија Гркова Мишковска
д-р Елизабета Миладиновска –Харбов
д-р Марија Марковски
д-р Љубинка Талевска
д-р Емилија Куцуловска Цветковска
Одделението за Физикална медицина и рехабилитација функционира како амбулантско-поликлиничка дејност за екстерни пациенти, а и како конзилијарно-специјалистичка дејност за интерни пациенти, хоспитализирани на другите оддели во болницата.
Особено се посветува внимание на раната рехабилитација кај конзервативно и оперативно третираните пациенти на Одделот за ортопедија итрауматологија и раната рехабилитација кај невролошките болни, посебно состојбите после ЦВИ.
Конзилијарно-специјалистички преглед добиваат и пациентите на Одделот за Ургентна медицина и интензивно лекување, како и на Одделот за Хирургија, каде покрај природата на основната болест, се спроведуваат кинезитераписки процедури индивидуално прилагодени за нивна брза вертикализација и превенција од последиците од инактивитет.
Амбулантски Одделението за физикална медицина и рехабилитација ги нуди следниве услуги:
- Електротерапија (ултразвук,галвански струи, интерферентни струи, дијадинамски струи,ТЕНС, експоненцијални струи).
- Термотерапија (КТД,ИЦ зраци,парафинска терапија и криотерапија).
- Магнетотерапија
- Биоптрон лампа
- Ласеротерапија
- Лимфна дренажа
- Кинезиотејпинг
- Медицинска масажа(мануелна и вакуум)
Одделението за Физикална медицина и рехабилитација располага со сала за кинезитерапија каде се спроведуваат индивидуални и групни вежби за горни и долни ектремитети, за паравертебрална мускулатура, за врат и рамен појас, вежби за корекција на деформитети на рбетот и стопалата во детска возраст, како и вежби кај пациенти со ортопедски, невролошки, реуматски заболувања и др. заболувања.
Дејноста ја обавуваат шест доктори, високо стручни специјалисти по физикална медицина и рехабилитација и вкупно 25 физиотерапевти.
Воедно одделението е и дел од научно едукативната база на катедрата за физикална медицина и рехабилитација.