РАБОТНА ЕДИНИЦА ЗА ФИНАНСИСКО-АДМИНИСТРАТИВНИ ПРАШАЊА

Во Работната единица за финансиско-административни прашања има четири сектори:


Сектор за финансии

Со секторот раководи раководител на сектор кој е директно одговорен пред Раководителот на РЕ за финансиско-административни прашања. Секторот е составен од три отсека:
–       Отсек за сметководство
–       Отсек за финансии
–       Отсек за планирање, анализа и известување


Сектор за правни и општи работи

Со секторот раководи раководител на сектор кој е директно одговорен пред Раководителот на РЕ за финансиско-административни прашања. Секторот е составен од три отсека:
–       Отсек за човечки ресурси
–       Отсек за правни и општи работи
–       Отсек за јавни набавки


Сектор за ИТ и статистика

Со секторот раководи раководител на сектор кој е директно одговорен пред Раководителот на РЕ за финансиско-административни прашања. Секторот е составен од два отсека:
–       Отсек за апликативна поддршка и статистика
–       Отсек за техничка поддршка
Отсекот за апликативна поддршка и статистика врши работи и задачи поврзани со функционирањето на апликативниот софтвер кој се користи во болницата, додека Отсекот за техничка поддршка врши работи и задачи поврзани со функционирањето и безбедноста на компјутерската опрема и мрежната инфраструктура на болницата.
Тековно, во болницата се инсталирани и вмрежени повеќе од 280 персонални компјутери, на кои работат преку 500 корисници (здравствени работници и соработници, административен и технички персонал).