ПРВ КУРС ЗА ПЕРКУТАНИ БИОПСИИ СО HANDS-ON ТРЕНИНГ
Во jуни оваа година, на Одделот за радиологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, се одржа курс за перкутани биопсии со hands-on тренинг, во организација на Доц. д-р Александар Ѓорески, заедно со тимот за интервентна радиологија.
Едукатори на семинарот беа Проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог во Клиничка болница Систина и Доц. д-р Александар Ѓорески, субспец. д-р Славица Чалческа и Асс. д-р Андреа Нанчева Богоевска, радиолози од Одделот за радиологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.
Ова е прв курс од ваков тип не само во нашата болница, туку и на национално ниво.
На курсот учествуваа 10 лекари, воглавно специјалисти и специјализанти по радиологија, но и специјалисти од други специјалности (пулмолози, патолози и хирурзи).
Курсот траеше два дена, опфаќајки предавања и теоретска подготовка на учесниците, како и практичен дел со изведување на биопсии водени под ултразвук и компјутеризирана томографија кај пациенти претходно избрани од едукаторите на семинарот. Исто така, учесниците на семинарот имаа можност да вежбаат на животински препарати, каде беа симулирани лезии погодни за биопсија.
По завршувањето на курсот, учесниците се здобија со сертификати за завршен курс, акредитиран од страна на Лекарската комора на Македонија.