РАБОТНА ЕДИНИЦА ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Во работна единица за техничка поддршка има четири сектори:

  1. Сектор за одржување зграда, опрема и апарати и ПП заштита
  2. Сектор термоенергетски блок
  3. Сектор за исхрана и перење на облека и опремнина
  4. Сектор за обезбедување, транспорт, комунално одржување и животна средина, хигиена и хортикултура

1.  Сектор за одржување зграда, опрема и апарати и ПП заштита. Со секторот раководи Раководител на сектор кој директно е одговорен пред Раководителот на РЕ за техничка поддршка. Составен е од:

  •  Отсек за одржување зграда и ПП заштита,-       со кој раководи градежен инженер. Во Отсекот се работи на интервентно оддржување на објектот.Од областа на водоводот, двајца водоводџии се грижат за исправноста на водоводната и хидрантската мрежа. Вршат ситни поправки и замена на вентили, чешми, тушеви и други елементи од водоводната инсталација.Од областа на електриката, двајца електричари ги вршат поправките на електричната инсталација со замена на изгорени осигурувачи, сијалици, склопки и др. Комплетно изведуваат и помали електрични инсталација заради потребите на вработените и потребите при реновирање на разни простории.Од областа на браваријата, браварите се грижат за исправноста на бравите на вратите, штелување на автоматски лептир врати, замена на оков на врати и прозорци и слично. Задолжени се и за поправка на колички (замена на тркалца, подмачкување), помали интервенции со заварување и сл.Од областа на молерофарбарски работи, молерите вршат санација на оштетени ѕидови, плафони и комплетно молерисување на одредени помали простории. Вршат и крпење на оштетени плочки и линолеум.Од областа на лимарија, лимарот е задолжен за ситни поправки на кровот ако се појави протекување, поправка на лимените канали од централната климатизација и вентилација и изработка од лим на потребни ситни делови потребни за другите мајстори.Исто така во овој отсек спаѓа и ПП заштита. Одговорниот за ПП заштита се грижи за исправноста на хидрантската инсталација (внатрешна и надворешна), ПП опремата и ПП апаратите. Апаратите се поставени во објектот према изработена студија од овластена фирма, заедно со патокази за евакуација.Апаратите се контролираат и полнат еднаш годишно од страна на овластена фирма.За поголеми инвестициони зафати се работи со надворшни фирми.
  • Отсек за одржување на опрема и апарати, со кој раководи дипломиран инженер електроничар. Се работи на интервентно оддржување на опремата и апаратите во објектот.Техничарите се задолжени да водат евиденција за секој апарат одделно во технички книшки или евиденциски картони. Вршат дефектажа на расипани апарати и ги отстрануваат помалите недостатоци. Во спротивно се повикува овластен сервис.Имаме и сервисер за клима уреди, фрижидери и друга бела техника. Тој се грижи за исправноста на истите, демонтажа монтажа и редовно чистење на филтрите на климите.Во техничката служба има и ракувач на садови под притисок, кој се грижи за распределба на боци со медицински гасови по одделенијата и исправноста на приклучоците на боците. Тој се грижи и за исправноста на централниот систем на медицински гасови и компримиран воздух преку кој се дистрибуираат гасовите од потстаниците. Одговара и за исправноста на потстаниците кои ги имаме во болницата: компресорска потстаница, вакуум потстаница, кислородна потстаница, плинска потстаница и станица за азотен оксидул.За поголеми инвестициони зафати се работи со надворшни фирми.
  • Единица општ магацин каде се примаат, ускладиштуваат и подигаат потрошни материјали, основни средства и потрошни немедицински материјали за потребите на болницата.Магационерот врши прием на робата со приемница, доделува шифри, ја ускладиштува робата и према барања или список за распределба, ја издава на корисниците. Води и документација за издавањето на робата.

2.  Сектор ТЕБ. Секторот се состои од неколку единици и тоа:

  • Котлара. Истата се наоѓа во склопот на Болницата и служи за производство на пареа која се користи за загревање на болницата како и технолошки енергенс за кујна стерилизација и перална. Во котларата се инсталирани три котловски единици со вкупна мокност од 9.45МW и со капацитет од по пет тони пареа на час. Котелите се од типот БКГ50А од Димче Бањарот-Прилеп со моќност од 3.25 МW и горилник од типот Weishaupt 50. Котларата е целосно гасифицирана и во моментов работи исклучиво на земјен гас. Во котларата се инсталирани шест резервари за мазут со капацитет од по сто тони мазут по секој. Резерварите се вкопани под земја и се загревани со помош на пареа. Болницата се загрева со помош на водено греење кое се добива со помош на греачи кои се загрееват со водена пареа . Потоа со помош на пумпи се разнесува до потстаниците каде се регулира со помош на четворокраки вентили. Во болницата се инсталирани седум потстаници кои се опремени со четворокраки вентили за регулација како и со тандем на пумпи (главна и резервна).Комплетната регулација на греачите и потстаниците се регулира од командниот центар во болницата.
  • Трафостаница и Агтегати. Болницата е опремена со три трафостаници од 630 КVA за снабдување болницата со електрична енергија. Во случај на прекин на електричната енергија Болницата е опремена со дизел агрегат со моќност од 750КVА. Оделението за Хемодијализа поседува сопствен независен Дизелагрегат.
  • Хидрофорска постројка. Составена од тандем на пумпи и експанзиони резервари со капицитет од 5000 литри. Служат за снабдевање на повисоките катови со вода.
  •  Системи за Климатизација и Вентилација. Новите оделенија Хемодијализа, Неврологија и Ургентниот центар се опремени со сопствени системи за климатизација и вентилација кои се независни од постоечките системи за загревање.

3.  Сектор за исхрана и перење на облека и опремнина

  •  Секторот за исхрана и перење на облека и опремнина е составен од два дела:
    Централна болничка кујна и Централна болничка перална. Во составен дел на Секторот влегува и Eдиницата прехрамбен магацин. Активноста и обврските на секторот за исхрана е креирање на планови за исхрана према диети, набавка и складирање на артикли, изработка на дневна листа на јадење, припрема и дистрибуција на храна за лежечки пациенти, пациенти во дневните болници, дежурен и сменски медицински и немедицински персонал, како и за доброволни дарители на крв.
  • Централна болничка кујна
    Исхрана е неодвоен дел од лекувањето. Активност на Болничката кујна е припрема и поделба на оброци на пациенти, како и на медицински и немедицински персонал. Редовно се контролира хигиенска исправност на храната и просториите во Болничката кујна од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје. Исто така, редовно се контролира енергетски и нутритивен состав на оброците, како и останатите квантитативни и квалитативни елементи да би во потполност одговарали на утврдените стандарди и прописи.
    Исхраната е прилагодена на секој пациент, и во текот на денот е поделена во три до пет оброка, во зависност од диетата која е пропишана од страна на лекар. Во моментот има избор од 30-тина диети, ускладени со препораките од Министерство за здравство. Број на припремените оброци се движи од 1000-1200 оброци дневно.
    Распоред на оброците:

    ПОЈАДОК …………………………… 07.30 – 09.00 час
    РУЧЕК ……………………………….. 12.00 – 14.00 час
    ВЕЧЕРА ……………………………… 18.00 – 19.30 час

    Дистрибуцијата на оброците се изведува со таблет систем. Таблет систем означува контролирана и организирана расподелба на оброците во Централна болничка кујна со помош на подвижна лента на која се ставаат послужавници со специјални садови за одржување на топлината на оброците. На послужавникот се наоѓа и картицата со име и презиме на пациентот, назив на диета и ознака на оддел. Поделбата ја вршат готвачите со помош на сервирките. Готов послужавник се става во транспортна количка за секој оддел поединечно и се дистрибуира.
    Узорците на храната се чуваат 48 часа и во секој момент се достапни за контрола На ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје.

  • Централна болничка перална 
    Активноста на Болничката перална е перење и пеглање на постелнина, униформи за медицински и немедицински персонал, како и болнички пижами, хируршки кошули, хируршки мантили, компреси и др. По приемот на валкани алишта и опремнина, истите се перат во современи машини, потоа се пеглаат на преси-канигисер, а постелнината се пегла на ваљак. При пеглање се триажира и се носи во шнајдерски дел. Потоа чистите алишта и опремнина се носат во посебна просторија каде се двојат по оддели.

4.  Сектор за обезбедување, транспорт, комунално одржување и животна средина, хигиена и хортикултура

  •  Секторот за обезбедување, транспорт, комунално одржување и животна средина, хигиена и хортикултура е дел од Работна единица за техничка подршка при ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и составена е од:
  • Единица за обезбедување
    Во ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, ангажирана е приватна агенција која се грижи за физичко, техничко и патролно обезбедување на објектот, обезбедување на редот, безбедноста и сигурноста на пациентите и вработените во болницата . Се грижи превентивно од кражби, физички напади и други опасности кои се спречуваат со нивно дејствие. Работат во тим со 10 вработени кои се распоредени на 8 (осум) позиции. Објектот е под видео надзор – 24 часа, внатре и во кругот на болницата.
  • Единица за транспорт – ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје поседува сопствени возила со кои се врши транспортот на пациентите и службенитен патувања на вработените, дотур на потребни матерјални средства и превоз на медицински матерјал до соодветни Здраствени установи . Во оваа Единица се поставени 7 (седум) вработени кои ги извршуваат зададените работни задачи 24 часа со 5 (пет) возила од кои:
    1 (едно) службено за персоналот
    2 (две) транспортни
    2 (две) санитетски
  • Единица за хигиена –ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје има вработено 2 (двајца) бербери кои се грижат за бричење, шишање и припремање на пациентите за операција т.е. оперативното поле.
    Во болницата за хигиена на просторот се грижат 70 (седумдесет) хигиеничарки кои се организационо поставени према дадените потреби на Одделенијата. Работното време е 24 часа, а поголем број се во прва смена. Вработените се обучени за работа со прибор за работа, апарати , хемикалии и средства за дезинфекција.
    За хигиената и хортикултурно уредување во кругот на болницата се грижат 3 (тројца) хигиеничари.
    ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје посебно обрнува внимание за комуналниот, медицинскиот и друг отпад кој го селектира и предава на фирми кои имаат дозвола за прибирање на отпад. Со целокупната активност и обучување на персонал, се превземаат мерки за заштита на здравјето на персоналот, пациентите и животната средина.