[su_accordion]
[su_spoiler title=”СРЦЕВА  КАТЕТЕРИЗАЦИЈА ” open=”no” style=”fancy” ]

подразбира внесување на тенок катетер во  левата и/или десната страна на срцето преку артерија или вена на раката, ногата или вратот. Овозможува:

  • Мерење на притисоците и нивото на кислород во различните делови на срцето (хемодинамска проценка)

  • Проверка на пумпната моќ на срцето (лева и десна вентрикулографија)

  • Земање на примероци од ткиво од срцето (биопсија)

  • Дијагностицирање на вродени дефекти на срцето

  • Анализирање на проблемите со срцевите клапни (валвули)

06

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”КОРОНОГРАФИЈА ” open=”no” style=”fancy” ]

Коронарографијата овозможува визуелизација и опсервација на луменот на коронарните артерии. Со мали катетри кои се внесуваат преку една од артериите на предел на рачниот зглоб или во предел на препоните на нозете коронарните артерии се исполнуваат со контраст кој се прикажува на рендген апарат наречен ангиограф.

Коронарографија се прави кај пациентите со градна болка и промени на ЕКГ, кај пациентите со позитивен стрес тест, со инфаркт на миокардот, со одредени опасни неправилности на срцевиот ритам, при подготовката за кардиохируршки интервенции.

07

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”ПЕРКУТАНИ КОРОНАРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ  (балон дилатација и/или поставување на стент)” open=”no” style=”fancy” ]

По дијагностицирање на стеснување или запушување на коронарна артерија доаѓа во предвид проширување или отворање на луменот со надувување на соодветен балон катетер и/или поставување на метална протеза наречена СТЕНТ која го одржува проширен крвниот сад. Таа процедура е позната под името ПЕРКУТАНА КОРОНАРНА АНГИОПЛАСТИКА.

09

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”ПЕРКУТАНИ БАЛОН ВАЛВУЛОПЛАСТИКИ” open=”no” style=”fancy” ]

ВАЛВУЛОПЛАСТИКА позната и како балон валвулопластика или балон валвулотомија е процедура за подобрување на функцијата на тешките облици на стеснување на срцевите валвули – клапни. Тенок балон катетер се внесува преку артерија од раката или ногата и се надувува во стеснетата валвула. Со отворање на стеснетата срцева валвула се подобрува протокот на крвта со што се подобрува срцевата функција. Може да биде терапија на избор кај стеснување на митралната, аортната, пулмоналната или трикуспидната валвула.

Поради склоноста за повторно стеснување на валвулите во повеќето случаеви оваа процедура е лек на избор како времено решение до операција на валвулата или кај пациенти кои од одредени причини неможат да бидат оперирани.

10

 [/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”БИОПСИЈА НА СРЦЕВ МУСКУЛ” open=”no” style=”fancy” ]

Биопсија на миокард- претставува инвазивна процедура за поставување на точна дијагноза при одредени срцеви заболувања. Вклучува употреба на биоптом (мал катетер со додаток за фаќање на крајот), со кој се откинува мало парче од срцевиот мускул, кое се испраќа во патохистолошка лабораторија. Се користи при: отфрлање по трансплантација на срце кое предизвикува оштетување на срцевото ткиво, миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), кардиомопатија (ослабен срцев мускул) и срцева амилоидоза – абнормален протеин (амилоид) во срцевото ткиво што го спречува срцето да работи правилно. Процедурата се изведува во болнички услови по претходна соодветна подготовка на пациентот преку артерии или вени на рацете, вратот и препоните. Најчесто се прави при срцева катетеризација но може да се изведува и самостојно.

17

[/su_spoiler][/su_accordion]

[su_accordion]
[su_spoiler title=”АНГИОГРАФИИ” open=”no” style=”fancy” ]

[/su_spoiler][/su_accordion]

Назад