ТРАНСТОРАКАЛНА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА
СТРЕС ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Стрес ехокардиографија е дијагностичка процедура со која на неинвазивен начин се потврдува постоење на коронарна болест. Најчесто се изведува кај пациенти кои имаат аритмија (атријална фибрилација или флатер), блок на гранка или друга попреченост за спроведување на стрес тест со физичко оптеретување. За време на процедурата во вена ќе ви биде ставен лек (добутамин), кој ги имитира ефектите од физичкото вежбањето на срцето. Медицинскиот тим за цело време го  следи крвниот притисок, срцевиот ритам на ЕКГ и функцијата на срцевиот мускул на ехокардиографија.

12

ТРАНСЕЗОФАГЕАЛНА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Ехокардиографијата ги користи ултразвучните бранови за прикажување на градбата и функцијата на срцето. Доколку е потребно подетално прикажување на срцевите клапни, прегради или празнини се внесува сонда во храноводот со што се избегнуваат ребрата и белите дробови кои кај класичната ехокардиографија влијаат врз квалитетот на слика

01

24 ЧАСОВЕН ХОЛТЕР ЗА КРВЕН ПРИТИСОК (АБП)

Холтeр за крвен притисок – АБП -  е метода за повторувано мерење на артерискиот крвен притисок во период од 24 – 48 часови. Се изведува со поставување на манжетна на надлактицата поврзана со гумено цевче со преносен апарат кој го мери крвниот притисок (најчесто на секои 20 минути во текот не денот и на секои 40 минути во текот на ноќта). Со помош на оваа метода се врши:

  • Проценка  на потребата од започнување со антихипертензивна терапија кај пациентите со променливи вредности на артерискиот крвен притисок.

  • Одредување на ефикасноста на  антихипертензивната терапија

02

24-72 ЧАСОВЕН ХОЛТЕР НА СРЦЕВА РАБОТА

ХОЛТЕР за срцева работа е пренослив ЕКГ апарат за снимање на срцевата работа во времетраење од 24-48 часа а по потреба и повеќе денови. Се користи за откривање и следење на неправилности на срцевата работа – аритмии кои се јавуваат повремено и не може да се снимат на обично краткотрајно ЕКГ.

Индикации:

  • Срцебиење од нејасни причини

  • Губиток на свест од нејасни причини

  • Мозочен удар од нејасни причини

  • Хипертрофична кардиомиопатија

  • Следење на ефикасноста на терапијата за аритмии

  • Следење на ефикасноста на терапијата за атријална фибрилација

02

КОЛОР ДОПЛЕР НА КРВНИ САДОВИ

Колор-доплерот на крвните садови е неинвазивно иследување на структурата на крвните садови и квалитетот на крвотокот. За таа цел се употребуваат ултразвучните бранови (бранови со висока фрекфенција кои не може да се слушнат). Сонограферот поставува направа со големина на мал сапун на површината на кожата и ја движи по делот на телото што се испитува. Методата е потполно безболна и безбедна. Вообичаено прегледот трае од 30 до 60 минути.  

Се употребува за дијагностицирање на следните состојби: 

  • Тромбоза на крвните садови (згрутчување на крвта) 
  • Слабост на залистоците на вените на нозете која доведува до задржување на крвта во нозете, проширување на вените и отекување на нозете (венска слабост, проширени вени)  
  • Намалена циркулација во нозете или рацете како резултат на стеснување или запушување на артериите (периферна артериска болест) 
  • Стеснување на артериите на вратот (стеноза на каротидните артерии) 
  • Проширување на дел од артериите (аневризма) 
  • Колор-доплерот помога и за следење и контрола на ефикасноста на терапијата во лекување на овие состојби. 

Ова испитување е алтернатива на многу поинвазивните иследувања како што се артериографијата и венографијата, кои вклучуваат инектирање на боја во крвните садови за да може да се прикажат на рендген снимки или на компјутерска томогрфија.

КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ - ЕРГОМЕТРИЈАТА

се користи за проценка на функционалниот капацитет на кардиоваскуларниот систем за време на одење по подвижна лента или возење на фиксиран велосипед.

Индикации:

  • Сомнеж за недостаточност во коронарниот крвоток кај пациенти со градна болка

  • Проверка на функционалниот капацитет кај пациенти со докажана коронарна болест (по инфаркт, бајпас, перкутана коронарна интервенција)

  • Проверка на функционалниот капацитет кај пациенти со срцева слабост

  • Проверка на функционалниот капацитет кај пациенти со болест на срцевите валвули

  • Иследување на пациенти со симптоми со повторувани срцеви аритмии предизвикани од напор

  • Иследување на пациенти без симптоми со повеќе ризик фактори за коронарна болест

  • Иследување на пациенти со пејсмејкер

02

ЕРГОСПИРОМЕТРИЈАТА

се користи за проценка на функционалниот капацитет на кардиоваскуларниот, респираторниот, мускуло-скелетниот систем и метаболизмот за време на одење по подвижна лента или возење на фиксиран велосипед.

Индикации:

  • Отежнато дишење (диспнеа) од непознато потекло

  • Зголемен притисок во белодробниот крвоток (пулмонална хипертензија)

  • Сомнеж за недостаточност во коронарниот крвоток (миокардна исхемија)

  • Срцева слабост

  • Одредување на кандидати за срцева трансплантација

  • Одредување на предоперативен ризик

  • Примена кај спортисти за одредување на кондиционираноста, одредување на дозата на тренинг за користење на максималните физичките можности и спречување на несакани последици од тренингот.

02

КОМПИЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА НА СРЦЕТО
КОМПИЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА НА КРВНИ САДОВИ

КТ ангиографија или компјутеризирана томографска ангиографија претставува дијагностичка метoда која се изведува со цел за дијагностицирање како и проценка на заболувањата на крвните садови како аневризми, стеснувања или целосни запушувања. Истата се изведува со вбризгување на контрастно средство во крвните садови и нивно компјутерско скенирање.

 15

Назад