email: klinicka.laboratorija@bolnica.org.mk

Раководител: м-р Анкица Поп-Костова,
дипл. инж по биоиохемија-физиологија
Одговорен медицински лаборант:Ненад Миленковски,
дипломиран стручен лаборант по
медицинска лабораториска дијагностика

Централна биохемиска лабораторија се наоѓа на првиот кат од поликлиничкиот дел на болницата. Располага со модерна и нова лабораториска  опрема добиена со проектот на Владата на РМ во 2013 год. Врши опслужување на поликлиничкиот и болничкиот дел и  Ургентниот центар.

Секојдневно се вршат лабораториски испитувања на повеќе од 200 пациенти и резултатите се добиват уште истиот ден ( денес земено денес сработено).

Во лабораторијата автоматски  се изработуваат широка палета на биохемиски анализи, имунолошки анализи,  изработка на  петоделна и троделна комплетна крвна слика, урина, алергии, спермограм, ликвор. Лабараторијата располага со брза,  модерна и современа апаратура која се наоѓа во процес на акредитација.

Вработените редовно се испраќаат на семинари, обуки во странство , едукации спроведени во болницата како би биле во тек со сите новитети од лабораториската дејност.

Секојдневно се изработуват репродуктивни хормони, тумор маркери, и  двапати во неделата или во зависност од потребите на пациентите се изработува и пнеумослајд и АНА.

Услуги: лабораториски анализи

  • - хематологија
  • - биохемија
  • - седиментација
  • - имунохемија
  • - имунологија
  • - алергии
  • - урина
  • - спермограм