email: orl@bolnica.org.mk

Раководител: д-р Раде Филиповски 
спец. по оториноларингологија
др_раде_филиповски

Главна сестра: ДМС Афрдита Јакупи


Кратки карактеристики за работата на ОРЛ службата:

Оториноларинголошката служба се состои од четири единици: ОРЛ кабинет (амбуланта), аудиовестибулошки кабинет за испитување на слухот, ОРЛ одделение со капацитет од 31 болнички кревети и ОРЛ операциона сала.

На одделението има вкупно седум доктори специјалисти од Оториноларингологија:

Прим д-р. Раде Филиповски, раководител на ОРЛ одделението,

д-р. Добри Стоименов,

Прим д-р. Никица Атанасова,

д-р. Горан Караиванов,

д-р. Ана Тримоска- Радевска,

д-р. Васе Стојческа

д-р. Ирена Шулевска.

Главен медицински техничар дипломирана  мед. сестра Афрдита Јакупи.

На одделот за Аудиовестибулогија работи дефектолог Лидија Ристовска

Амбулантата работи  во две смени  од 8-20 часот, освен во петок кога амбулантата работи во една предпладневна смена.

Покрај редовните прегледи се извршуваат и систематски прегледи.
На ОРЛ одделението постои редовна 24 часовна дежурна служба.

На ОРЛ одделението се извршуваат следниве операции,  интервенции  и дијагностички методи:

Дијагностички методи:

  • Полисомнографско испитување на пореметувања на сонот,
  • Фиберназофаринголарингоскопија,
  • Ехо дијагностика на вратот,
  • Отомикроскопија

Аудиолошки центар:

  • Аудиометрија
  • Тимпанометрија
  • Отоакустични емисии
  • Видеонистагмографија
  • Калорични вестибуларни испитувања

Интервенции:

  • промивање на ушните канали со автоматско загревање на водата,
  • пункција на синуси- синусоскопија,
  • отварање на перитонзиларни апсцеси,
  • биопсија на тумори од уво, нос, епифаринкс, фаринкс и ларинкс,
  • репозиција на руптурирано тапанче и ставање на  лепенка,
  • запирање на крварење од носот,
  • одстранување на страни тела.

Операции:

  • операции на крајниците со ултразвучна метода,
  • ендоскопска хирургија на носот и синусите,
  • класична хирургија на носот и синусите,
  • ендоскопско- микроскопска хирургија на средното уво,
  • радикални операции на средното уво,
  • естетски и функционални операции на носот,
  • естетски операции на ушната школка,
  • ендоскопски- операции на гласилките,
  • хирургија на глава и врат.

Визија за понатамошен развој на ОРЛ одделението

  • развој на ендоскопско- микроскопската хирургија на увото, носот и синусите, кон граничните области (база на черепот, офталмологија со зафати на декомпресија на очното  јаболко и солзното кесе), со помош на навигационен систем
  • развој на вратната хирургија и хирургијата на лицето, заедно со хирургијата на тироидната жлезда и плунковните жлезди,
  • фонохирургијата, хирургијата на гласилките,  со употреба на микроскоп и ласерски систем и фонијатрија
  • дијагностика и хируршка терапија на слип апнеа,
  • развој на отонеуролошка дијагностик- аудитивните евоцирани потенцијали  на мозочното стебло, вестибуларни миогени евоцирани потенцијали.

Контакт

ОРЛ амбуланта:
Тел. 02 3087-613

ОРЛ одделение:
Тел: 02 3087-614

Аудиолошки центар:
Тел: : 02 3087-612

·