Од септември 2015 година во болницата е ставен во функција современ ангиограф.

До сега се реализирани 600 коронарографии, 150 стентирања на коронарни артерии, 270 васкуларни радиолошки процедури од кои стентирања на периферни крвни садови и каротиди, емболизации на тумори на хепар и други васкуларни интервенции.

Болницата има доволен капацитет за да одговори на барањата на здравствените установи за инвазивни дијагностички и интервентни кардиолошки и радиолошки процедури без чекање подолго од 7 работни денови.