Кабинет за воздухопловна медицина

Во рамките на Амбулантата за медицина на трудот од 30 ноември 2015 година започна со работа Кабинетот за воздухопловна медицина, кој се наоѓа во поликлиничкиот дел на болницата.

Во кабинетот ординира д-р Борис Арсов, а работното време е од 8.00 до 16.00 часот.

Закажување

Прегледите се вршат со претходно закажување кај д-р Арсов, тел. 075-788-403, и тоа најмалку седум дена пред прегледот.

Напомени за кандидатите

  • Кандидатите за преглед треба да се јават во 8.00 часот во Кабинетот за воздухопловна медицина.
  • Претходниот ден не смеат да вечераат, а утрото пред прегледот не смеат да појадуваат.
  • Потребна документација која треба да ја имаат со себе:
–    лична карата или пасош;
–    поранешно уверение, лиценца, дозвола;
–    стара здравствена книшка;
–    друга постоечка медицинска документација.

Начин на плаќање

Плаќањето се врши во денари, и тоа:

–    со претходна уплата на сметката на болницата (уплатница ПП50) или
–    со уплата на касата на болницата.

Цени на здравствените услуги:

–    Класа 1 основен пакет ……………………….  7.000 денари
–    Класа 2 основен пакет ……………………….  6.000 денари
–    Класа 3 основен пакет ……………………….  7.000 денари
–    Класа 4, основен пакет ………………………  5.000 денари

Основниот пакет опфаќа:

–    лабораториски услуги: СЕ, ККС, гликемија, уреа, креатинин, билирубин, ГГТ, алкална фосфатаза, серумско железо, АСТ, АЛТ,
холестерол, ХДЛ, ЛДЛ, триглицериди, урина;
–    ЕКГ;
–    спирометрија;
–    аудиометрија;
–    преглед од стана на интернист, оториноларинголог, офталмолог, психијатар, психолог, невролог и оценка на работоспособноста.

Сите дополнителни прегледи и дијагностички процедури кои ќе бидат направени за некој од кандидатите на барање на АME или соработниците, ќе се наплаќаат според ценовникот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за државјани на РМ, а за странски државјани според приватниот ценовник.