Управен  одбор

Управниот одбор на болницата го сочинуваат 5 члена од кои двајца претставници од редот на стручните и компетентни лица во болницата кои ги избира стручниот орган и тројца преставници од оснивачот на болницата – Владата на Р.С.М.

ВНАТРЕШНИ ЧЛЕНОВИ 
(кои ги избира стручниот орган)

– Д-р спец. Татјана Делева- Стошевска,
  спец. по неврологија

– М-р сци. д-р спец. Тоде Вранишкоски,
  спец.  по ортопедија

НАДВОРЕШНИ ЧЛЕНОВИ 
(кои ги именува Владата на Р.М)

Кире Јовановски – член

Дејан Здравковски – член

д-р Анила Рацај – член

Во работата на Управниот одбор учествува и директорот на болницата без право на одлучување.
Директор
 Проф. д-р Христијан Костов
slika
Главна сестра на болница
Milka Karajanova

Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје почива на темелите на Воената болница во Скопје, која пред повеќе од 15 години стана предимензионирана за потребите на АРМ и Министерството за одбрана.

Болницата во целина располага со површина од околу 61.387 м2, од кои 40.634 м2 користи ЈЗУ ГОБ „8‑ми Септември“ – Скопје.

Истата отпочна со работа во склоп на јавното здравство – Министерство за здравство, на 1 февруари 2010 година. Болницата обезбедува секундарна, а од ден на ден во сè поголем обем и  терцијарна медицинска заштита за жителите на градот Скопје, но и за сите останати жители на Република Северна Македонија.

Вработените се насочени кон остварување на нејзината определба, со опфаќање и исполнување на највисоките вредности за интегритет, почит кон луѓето, квалитет во работата, тимска работа и раководење. Болницата е посветена на создавање опкружување во кое пациентот е во центарот на сè што се работи.

Болницата секојдневно постигнува врвни резултати  во повеќе области. Околу 50% од активностите на болницата се од хируршка проблематика, но исто така има извонредно напредување на сите специјалности од интерните гранки, како и неврологијата, дерматовенерологијата итн.

Добиената опрема во најбрз можен рок се инсталира, кадарот се едуцира уште за време на набавката на истата, така што опремата се става во функција веднаш по инсталацијата и пуштањето во употреба.

IMG_2013

Organogram MK za WEB strana